На 27.12.2024 година во 14.30 часот во Полициската станица Центар, Н.Д.(25) од село Василево, струмичко, пријавила дека во кругот на Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 27.12.2024 година во 13.00 часот во Полициската станица Аеродром, Д.Ј.(47) од Скопје пријавил дека на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, неговиот 14-годишен син бил каснат од куче со сопственик.
Денеска (28.12.) во 04.00 часот во Полициската станица Центар, З.М.(60) од Скопје пријавил дека на ул. „Христо Смирненски“ во Скопје бил каснат од куче со сопственик.