Поради уличен дефект, од девет часот без вода за пиење се дел од корисниците од улицата „Перо Наков“, информираат утрово од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.
Како што појаснуваат од претпријатието, станува збор за корисниците кај поранешен „Бриколаж“, кои ќе бидат без вода за пиење сѐ до завршување со работните активности.