Македонија

Уапсен газдата на „Ритрон Копи“ за набавките за телевизори во Државна лотарија

Според Управата за финансиска полиција, се работи за договорени тендери за набавка на телевизори, принтери и компјутерска опрема, која по спроведените проверки никаде не можат да се пронајдат.

Уапсен газдата на „Ритрон Копи“ за набавките за телевизори во Државна лотарија

Уапсен е Артан Ајрули, сопственик на компанијата „Ритрон копи“ од Куманово, во рамки на друга истрага поврзана со работата на поранешното раководство на Државната лотарија.

Според Управата за финансиска полиција, се работи за договорени тендери за набавка на телевизори, принтери и компјутерска опрема, која по спроведените проверки никаде не можат да се пронајдат.

Од Управата за финансиска полиција информираа дека до Oсновното јавно обвинителство Скопје поднесена е кривична пријава против П.Б., против А.А. во својство на сопственик и управител на правниот субјект Друштво за производство, трговија и услуги РИТРОН КОПИ ДООЕЛ увоз-извоз Куманово, против С.Р. во својство на Директор на сектор за продажба и комерцијални работи во АД за приредување игри на среќа Државна лотарија, против М.З . во својство на Директор на сектор за информатички технологии во АД за приредување игри на среќа Државна лотарија и против правното лице Друштво за производство, трговија и услуги РИТРОН КОПИ ДООЕЛ увоз-извоз Куманово.

Детали за случајот може да прочитате ТУКА.

To top