Регион Kорупција

Уапсен министерот за безбедност на БиХ

– Тие се осомничени дека како управители на „ЈП Патишта РС“ и лица кои работеле со наведената фирма сториле кривични дела – здружување заради извршување кривични дела, перење пари, злоупотреба на службената положба или овластување и примање поткуп, се наведува во соопштението на Обвинителството на БиХ. 

Уапсен министерот за безбедност на БиХ

Обвинителството на Босна и Херцеговина потврди дека министерот за безбедност на БИХ, Ненад Нешиќ е лишен од слобода.

Обвинителството на БиХ заедно со Управата за организиран криминал на Министерството за внатрешни работи на Република Српска денеска нареди апсење на Нешиќ, како и на директорот на „ЈП Патишта РС“, Милан Дакиќ, на Младен Лучиќ и уште четири лица.

To top