Свет ја прифати поканата

Tajланд се приклучува во БРИКС како земја партнер

Тајландскиот министер за надворешни работи испратил писмо до рускиот колега во кое ја изразува согласноста на Тајланд да се приклучи на БРИКС како земја партнер.

Tajланд се приклучува во БРИКС како земја партнер

Тајланд ја прифати поканата да стане земја партнер на БРИКС и се надева дека во наредниот период ќе се приклучи во организацијата како полноправна членка, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на земјата.

Портпаролот на министерството на прес-конференцијата рече дека Тајланд на 31 октомври добил официјална покана да стане партнер на БРИКС од претседавачот на таа организација, Русија, а дека на 24 декември на седницата на владата било одлучено да се позитивен одговор на таа покана.

Како што наведе, истиот ден тајландскиот министер за надворешни работи испратил писмо до рускиот колега во кое ја изразува согласноста на Тајланд да се приклучи на БРИКС како земја партнер.

Според портпаролот, Тајланд се надева дека ќе го подобри нивото на односите со земјите-членки на организацијата, со цел да ги подобри можностите за развој на сопствената економија.

To top