Хроника мвр

Кривична пријава за царински службеник и лице кое прикривало стока со вредност од 5000 евра

Кривична пријава за царински службеник и лице кое прикривало стока со вредност од 5000 евра

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ј.А.(33) од општина Босилово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“ и А.Д.(23) од Куманово, царински службеник, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“

На 28.02.2024 на Граничниот премин Табановце, првопријавениот со патничко возило „мерцедес“, остварил влез во Р. Македонија, при што на автопат му била извршена контрола и било утврдено дека е натоварено со разновидна роба, во вредност од 298.591 денари, без да поседува документација за истата и без регистрирана дејност за вршење на меѓународен јавен превоз.

Второпријавениот, не извршил соодветна контрола над возилото на првопријавениот и му пресметал и наплатил помалку царински давачки и давачки за ДДВ, при што му овозможил влез во Република Македонија.

To top