СДСМ е прва од македонските партии која јавно, директно преку својот претседател ја одби Националната платформа за обединување на ЗНАМ. Филипче ја отфрли, наводно – била за поделби, не за обединување.
„Ги повикувам да создадеме заедно државна стратегија и платформа која ќе биде натпартиска, наднационална и надетничка. Да создадеме заедничка платформа во која сите партии ќе имаат свој придонес и никој нема да ја поседува. Тоа е рецепт за вистинско обедување. Да се обединиме во платформа која гарантира напредок, базирана на реални можности, конркретни планови и заеднички интерес. Ова го бараат граѓаните од нас политичарите. Се друго е дневна политика и манипулација“, рече Филипче.
Експресното одбивање на националната платформа за обединување на ЗНАМ се толкува како јасна презентација на страв од ваторот на истата, бидејќи е факт дека голем дел од членството веќе се пресели кај Димитриевски, кој по само една година постоење има ист рејтинг со Филипче. Прифаќањето би било признание за најголемиот „непријател“ на сегашна Бихаќка, чие членство пледира токму кон ЗНАМ и помалку кон Левица, како алтернатива од антинационалните, неинвентивни политики и заглавеноста до гуша во криминал на довчераната „државотворна“ партија која засилено ита кон пасокизација и бришење од политичкиот регистар.
Претходно, ЗНАМ ја промовираше Националната платформа за обединување. „Нејзината цел е да ги обедини сите политички фактори за да се изгради државен став со кој ќе се обезбеди и гарантира достоинствен пат на Република Македонија за остварување на нашата стратешка цел – полноправното членство во Европската Унија“, рече претседателот на партијата, Максим Димитриевски.
Тој додаде дека Движењето ЗНАМ – За наша Македонија со овој чин нуди можност за национално обединување, пред се на македонскиот народ, но и на сите етнички заедници кои живеат во неа. Тој нагласи дека ова е можност за заедничко градење на силна, моќна, слободна и европска Македонија, во која сите граѓани се еднакви во правата, но и обврските, државата која е еднаква за сите, а ќе биде завет за идните генерации. „Движење ЗНАМ – За наша Македонија се надева дека парламентарните партии ќе се обединат и ќе ја поддржат оваа Платформа и со нејзино усвојување ќе се трасира патот кон Европската Унија“, рече тој.