Македонија Над 28 милиони евра исплатени во последниов период

Мицкоски: Направена е историски најголема исплата за субвенции за земјоделците до сега во независна Македонија

Мицкоски: Направена е историски најголема исплата за субвенции за земјоделците до сега во независна Македонија

Историска голема исплата за субвенции за земјоделците е направена. Како никогаш до сега од како е независна Македонија и тоа е нешто кое што претставува големо постигнување. Повеќе од 28 милиони евра се исплатени само во последниов период.

Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска присуствуваше на започнување на проектот за реконструкција на коловозот на патот кон Манастирот „Пеленица“ во Општина Кисела Вода.

– И тоа е нешто што навистина претставува големо постигнување, повеќе од 28 милиони евра се исплатени само во последниот период. Инаку, вкупно во цела година се исплатени, а посебно последните шест месеци за 400 милиони повеќе од она кое што претставува историски најголем резултат. Но тука не треба да се игнорира и заборави дека имаме историска највисока цена за лозарите, за тутунарите, за останатите земјоделски култури коишто навистина претставуваат исклучителни рекорди, коишто досега се незабележани, истакна премиерот.

Тој подвлече дека навистина е задоволен од тоа како се менаџираат ресурсите и дека се надева дека ова само ќе биде мотив повеќе за земјоделците.

-Следната година заеднички уште подобро да се организираме и уште повеќе да произведуваме, а помалку да увезуваме храна, туку да извезуваме. Тоа е она што претставува цел на оваа Влада и ќе има реформи во политиката на субвенционирање и ќе има реформи во политиката на приоритети. Така што, сега засега можам да кажам дека сум исклучително задоволен од тоа кое што е постигнато, нагласи Мицкоски.

Најнови вести од Македонија

To top