Македонија по повод католички Божиќ

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ: Да продложиме да ја градиме Македонија со нова сила во заедништво како што сите ние заслужуваме

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ: Да продложиме да ја градиме Македонија со нова сила во заедништво како што сите ние заслужуваме

На сите верници што празникот го слават според грегоријанскиот календар им посакуваме прославата на големиот празник на рождеството Христово, Божиќ да донесе светлина, мир и љубов во вашите срца и домови, исполнувајќи ги со радост и надеж. Нека овој празник биде потсетник дека секој нов почеток носи нова сила, нова надеж и нова енергија, стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ по повод празникот католички Божиќ.

-Посакуваме во мир и спокојство со најблиските да го прославите овој голем празник и да продложиме да ја градиме нашата земја со нова сила, нова енергија и нова надеж во заедништво онака како што Македонија и сите ние заслужуваме.

Допрва доаѓаат поубави денови, исполнети со напредок, единство и благосостојба за сите нас.

На земјата мир и меѓу луѓето добра волја!

Среќен и благословен Божиќ! Христос се роди!, се додава во честитката.

To top