Свет

Осудените конгресмени го загубија правото на пензија, белоглавиот орел официјален симбол на САД

На почетокот на овој месец, Бајден стави вето на законот за вработување на 66 нови федерални судии, ги ублажи казните на 37 од 40-те осуденици на смрт во федералните затвори и издаде целосно и безусловно помилување за неговиот син Хантер Бајден.

Осудените конгресмени го загубија правото на пензија, белоглавиот орел официјален симбол на САД

Американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден потпиша 50 закони, со кои, меѓу другото, белоглавиот орел е прогласен за официјален симбол на земјата, а на членовите на Конгресот им се одзема правото на државни пензии во случај на осуда за кривично дело.

Бајден вчера исто така потпиша нацрт-закон за борба против насилството и смртните случаи што се случуваат во универзитетските кампуси, како и во установите за рехабилитација и грижа за младите.

На почетокот на овој месец, Бајден стави вето на законот за вработување на 66 нови федерални судии, ги ублажи казните на 37 од 40-те осуденици на смрт во федералните затвори и издаде целосно и безусловно помилување за неговиот син Хантер Бајден.

Бајден ќе се фокусира на инвестиции во инфраструктурни проекти и испраќање помош за Украина до крајот на неговиот мандат, пред официјално да му ја предаде власта на новоизбраниот претседател Доналд Трамп на 20 јануари. (МИА)

To top