Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања, труд и енергетска политика, финансирање и буџет и за политички систем и односи меѓу заедниците.
На дневен ред на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика се измените на Законот за трансформација во редовен работен однос, измените и дополнувањата на Законот за државен пазарен инспекторат, Законот за заштита на потрошувачите, измените на Законот за контрола на надворешно трговскиот промет со необработени дијаманти, измените и дополнувањата на Законот за општа безбедност на производите и на Законот за основање на Агенција за поддршка на претприемништвото и измените на Законот за контрола на извоз на стоки и технологии со двојна употреба, сите во второ читање.
Комисијата за финансирање и буџет треба да разгледа 19 закони, сите во второ читање, односно да ги разгледа поднесените амандмани за нив.
На дневен ред на Комисијата се измени на Законот за финансиска дисциплина, Законот за административните такси, на Законот за даночна постапка, на Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити, на Законот за супервизија на осигурување, на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, на Законот за државната ревизија, на Законот за хартии од вредност, на Законот за Управата за јавни приходи, на Царинскиот закон, на Законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за администрирање на социјалното осигурување, на Законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор, на Законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за унапредување на социјалните услуги, на Законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Вториот проект за унапредување на социјалните услуги, на Законот за данок на моторни возила, на Законот за вршење на работи за застапување во царинските постапки, на Законот за царинската управа, на Законот за Развојната банка на Македонија и на Законот за данокот на додадена вредност.
Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе ги разгледа Предлог измените на Законот за Централен регистар на население, во второ читање.