Доктор Игор Николов, советник на премиерот за здравство, денеска со директорот на Дирекцијата за радијациона сигурност, Зоран Бајовски одржа конструктивна средба на која се разговарало за надлежностите на Дирекцијата, вклучително и регулирање, контрола и мониторинг на употреба на извори на јонизирачко зрачење во Макединија.
-Дирекцијата издава дозволи за работа на правни субјекти за работа со извори на јонизирачко зрачење, надзор на истите за безбедна употреба.
Исто така надзорот е и во однос на заштита на граѓаните и животната средина и можни несакани штетни ефекти од зрачењето и примена на највисоки стандарди за радиациона сигурност, согласно законските процедури кои се стандарзирани со Меѓународната агенција за атомска енергија IAEA.
За жал, ДРС има 9 вработени и наследена состојба со недостаток од профилиран кадар и во наредниот период посебен фокус ќе биде преземањето корективни мерки во однос на затекнатата состојба, информира Николов.