Македонија По 17 години пауза

Од март повторно директна авиолинија од Скопје до Амстердам

Од март повторно директна авиолинија од Скопје до Амстердам

Од март ќе биде воведена директна авиолинија од Скопје до Амстердам. Аеродромот „Схипхол“ и скопскиот аеродром ќе бидат поврзани со нискобуџетната авиокомпанија „Трансавија“.

Македонската и холандската престолнина се поврзуваат после пауза од 17 години, односно од 2008 година, пишува Екс-Ју авијација.

Билетите веќе се достапни за купување на веб-страницата на авиокомпанијата.

Буџетскиот превозник не се соочува со директна конкуренција, иако Виз Ер го опслужува Ајндховен, кој се наоѓа на околу 125 километри јужно од Амстердам, четири пати неделно.

Најнови вести од Македонија

To top