„💔Со огромна тага ја примив веста за прераната смрт на младата Вања. Толку млада, полна со живот, а ова е нашето последно збогум.
Вечерва се потпишав во отворената книга на жалост и ја оддадов мојата последна почит кон Вања..
🥲Болката е голема, тишината и тагата во овие моменти се најгласни. Изразувам длабоко сочувство до семејството на Вања, другарчињата и пријателите.
Мила Вања почивај во мир и патувај со ангелите!“, стои во неговиот пост на Фејсбук.