Македонија УХМР

Најстудено утрово во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

Најстудено утрово во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

Најстудено утрово е во Берово со -7 степени Целзиусови, а најтопло во Охрид каде се измерени 2 степени, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи.

Според УХМР, на Попова Шапка се измерени – 6 степени, -5 во Скопје-Петровец, -4 во Крива Паланка, Битола, Велес, Демир Капија и Струмица, -3 во Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Штип, Кавадарци и Гевгелија, -2 во Прилеп, Маврови Анови и Крушево, -1 во Виница и 1 степен во Претор.

Во седум часот, висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесувала 33 сантиметри Попова Шапка, а 28 сантиметри во Маврови Анови.

Од УХМР соопштуваат дека времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд и снег во пониските, а на планините и повисоките места од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните и крајните југоисточни делови (над 25 l/m2). На планините ќе се зголеми висината на снежната покривка, а помала снежна покривка ќе се формира и во некои од пониските места. Ќе дува умерен до засилен јужен, а во текот на ноќта засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне од 2 до 6 степени.

Во Скопје облачно и студено со врнежи од дожд. Попладне во повисоките делови од котлината врнежите ќе преминат во снег. Ќе дува умерен југоисточен, а во текот на ноќта повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 4 степени.

Најнови вести од Македонија

To top