Скопје

Поради дефект без вода болницата „Жан Митрев“

Поради дефект без вода болницата „Жан Митрев“

Поради дефект на ППХ (против пожарен Хидрант) Ф 80мм. на Бул. 8-ми Септември пред влезот накај болницатa „Жан Митрев“, со прекинато водоснабдување ќе биде болницата „Жан Митрев“.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до завршување на работните активности.

Цистерна со питка вода ке има на паркингот пред болницата, додаваат од претпријатието.

To top