Еден од играчите кој го одбележа дуелот помеѓу Тотенхем и Ливерпул беше Мохамед Салах со два гола и две асистенции со што стана прв играч во историјата на Премиер лигата со 10+голови и 10+асистенции во четири сезони во низа во најсилниот англиски шампионат.
-Одлично е да се постигне тоа во толку голем клуб, но најважно е што го добивме натпреварот. Каде и да ја завршам кариерата, среќен сум поради тоа, -истакна Салах кој запрашан за тоа дали има нешто ново околу иднината, поточно во однос на продолжување на соработката, тој кратко порача:
-Нема (нова)информација, -порача Мо чиј одговор завршува во месец јуни што му дава можност веќе од јануари да преговара со други клубови и да може да потпише преддоговот.