Директорот на БЈБ, Александар Јанев вели дека борбата против криминалот е еден од нивните приоритети.
Истакнува дека пораката е јасна, криминалот во Македонија веќе не е исплатлив.
-Се бориме неселективно и решително, без компромиси, а спроведената акција во Арачиново и околината е показател за тоа. Оваа операција, донесе сериозни резултати, пронајдени се 14 гранати, ТНТ експлозив, автоматско оружје и други експлозиви, кои беа скриени под земја. Благодарност до сите колеги кои се вклучени во акцијата, нивната посветеност и храброст носат резултати, објави директорот на Бирото за јавна безбедност на Фејсбук.
Додава дека безбедноста на граѓаните и на државата е нивна обврска, продолжуваат да се борат против криминалните групи со максимална посветеност и професионализам.