Македонија трибина

Петрушевски: ДУИ има повеќе лица кои ги користи за да може да краде, додека конците се во СДС и Заев, а сега преку куклата Филипче

Со вакво раководство ДУИ е завршена приказна и нема поддршка од својот лекторат“ , дециден е Петрушевски.

Петрушевски: ДУИ има повеќе лица кои ги користи за да може да краде, додека конците се во СДС и Заев, а сега преку куклата Филипче

„Вие во најавата спомнавте за вистинското лице на ДУИ. Јас би споменал дека ДУИ има повеќе лица и ги користи тие лица, или маски по потреба исклучиво само за да може да краде. Тие беа национална партија на Албанците и преку таа реторика успеаја да дојдат на власт и да се одржат. Потоа се реформираа во зелена партија, исто и таа маска им беше потребна за да може да крадат. Потоа беа европска партија, промовираа европски вредности и тоа беше една од нивните маски“, даде одговор пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во своето обраќање на денешната панел дискусија, каде се дебатираше на тема „Правдата доаѓа“.

Петрушевски во својот говор објасни за манипулациите кои ги прават ДУИ, притоа напомена дека за нивните криминали повеќе нема простор. Според него, потврда за истото е самиот факт дека ДУИ немаат поддршка од својот лекторат, што објаснува за нивните погрешни и штетни политики.

„Сега повторно стануваат национална партија, која штити одредени права кои воопшто не се загрозени. Меѓутоа тоа им е потребно за да се наметнат како некаков фактор на стабилност во државата, за да може да успеат да се вратат во власта. Апсолутно и ова лице им е прочитано.

Со вакво раководство ДУИ е завршена приказна и нема поддршка од својот лекторат“ , дециден е Петрушевски.

Петрушевски јасно подвелече дека ДУИ единствено што правеле е театар, со крајна цел да може да продолжи континуитетот на кражба од нивна страна. Образложи за разните маски кои ги употребуваат, но и додаде дека во краен случај секогаш се разоткриени од јавноста.

„Правеа драма, парада пред Уставен суд, електоратот не присуствуваше. Немаат поддршка за политиките кои ги промовираат, политики на барање оправдување како да дојдат на власт за да продолжат да крадат. Во општините каде што тие менаџираат со децении, не се решени основни инфраструктурни проблеми на граѓаните.Да сумирам, ДУИ има повеќе лица којшто ги користи исклучиво за да може да краде“ , посочи Петрушевски.

Петрушевски ја истакна поврзаноста СДС и ДУИ која е исклучиво за криминал. Притоа, посочи дека она што е клучно е фактот што опозицијата обвинува дека судството е партизирано, меѓутоа истите структури за кои обвинуваат се поставени токму од нив.

„Со доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се изврши сериозен притисок и преку јавноста во делот на почеток на постапување по високо профилираниот криминал, нешто што изостануваше изминатиов период. Мислам дека тоа е круцијалниот факт. И меѓународната јавност, нашите пријатели и домашната јавност заедно со граѓаните и Владата имаа симбиоза дека мора да почнат овие процеси за високо профилиран криминал да добиваат своја завршница и тоа се огледа во овој пионерски почеток на Владата кој се надевам ќе продолжи и во иднина“ , објасни Петрушевски.

Петрушевски преку својот говор испрати јасна и прецизна порака. Образложи дека кој и да ги води политиките во СДС, не ги води добро. Во овој контекст тој ја спомена и последната анкета која се спроведе вчера. Напомена дека разликата е евидентна. ВМРО-ДПМНЕ е партнер на граѓаните, додека во СДС, Филипче е само кукла и конците продолжува да ги држи Заев.

„Кој и да ги води политиките во СДС не ги води добро. Тоа може да се види од последната анкета која вчера излезе во јавноста. Разликата е огромна, 7 спрема 1 е разликата во однос на лидери на политички парти, 5 спрема 1 по однос на партии. Очигледно е дека и јавноста знае дека Филипче е само продолжение на она што биле и претходно. Очигледно е дека таму конците ги држи Заев, преку одредена кукла која треба да биде во името на Филипче. Мислам дека ова прашање му е јасно на секој еден граѓанин“ , заклучи Петрушевски.

To top