Во едно од последните интервјуа Шакира откри коj пејач и помогнал за време на драматичното и тешко раскинување со фудбалерот Жерар Пике.
Колумбиската ѕвезда за списанието Ролинг Стоун изјави дека тоа е фронтменот на Колдплеј, Крис Мартин. Таа сподели дека се зближиле додека минувала низ тешко раскинување.
-Тој беше тука за мене кога раскинав и кога бев скршена. Ме проверуваше секој ден и ми испраќаше зборови на поддршка, рекла таа.
Се запознале на The Voice
Шакира истакна дека нивното пријателство трае долго.
-Го доживувам како личност која го гледа животот низ друга призма, која е чувствителна на туѓите потреби и многу емпатична, додаде таа.
Нивното пријателство започна во 2014 година за време на шестата сезона на музичкото натпреварување The Voice, каде што Крис Мартин беше гостин ментор во шоуто.