Македонија МЗШВ

Трипуновски: Тутунопроизводителите се задоволни од согласно постигнатата цена, досега се откупени 13 милиони килограми тутун со просечна цена од 399,88 денари

Заедно со мене се пратениците од прилепскиот регион, Претседателот на Сојузот на тутунари. Дојдов тука лично видам како тече откупот на тутун и да поразговарам со земјоделците“, појасни министерот Цветан Трипуновски.

Трипуновски: Тутунопроизводителите се задоволни од согласно постигнатата цена, досега се откупени 13 милиони килограми тутун со просечна цена од 399,88 денари

„Согласно моите ветувања и мојот принцип на работа, денеска сум повторно во посета на Прилеп, при што посетив неколку компании кои што откупуваат тутун од реколтата 2024 година“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

„Заедно со мене се пратениците од прилепскиот регион, Претседателот на Сојузот на тутунари. Дојдов тука лично видам како тече откупот на тутун и да поразговарам со земјоделците“, појасни министерот.

Тој додаде дека тутунопроизводителите се задоволни од согласно постигнатата цена, а тоа е 400-тини денари за првата класа и дополнителни 20 денари субвенција за првата класа и тоа достигнува вкупна сума од 500-тини денари.

„Согласно податоците кои што ги добив од Земјоделскиот инспекторат до вчерашниот ден се откупени 13 милиони килограми тутун со просечна цена од 399,88 денари. И истиот се исплаќа со тековна динамика односно досега согласно податоците исплатено е околу 78% кон тутунопроизводителите“, заклучи министерот Трипуновски.

Министерот посочи дека со оваа динамика за многу бргу од денеска ќе заврши откупот на тутун.

„Ова е уште еден показател дека власта, Премиерот, Министерството се сериозни и посветени во делот да се врати македонското производство на пиедесталот“, истакна министерот Трипуновски.

Најнови вести од Македонија

To top