Универзитетската клиника за урологија, денеска во просториите на Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје, свечено ќе одбележи 70 години од своето постоење.
Најавени се и обраќања на министерот за здравство Арбен Таравари и в.д. директорот на Клиниката за урологија, доктор Башким Шабани.
На настанот предвидено е и доделување плакети за особен придонес и развој на урологијата.