Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши заедно до заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски во петок (20.12.2024) година ќе посетат дел од маркетите кои се вклучени во акцијата „Новогодишна кошница“.
Во 11 часот ќе го посетат Рамстор супермаркетот кој се наоѓа во трговскиот центар Рамстор, потоа во 11:30 часот ќе го посетат Кам Маркет Центар (Кирил и Методиј 3) кој се наоѓа веднаш до Дајмонд Мол.
Изјави за медиуми се предвидени по завршување на обиколката во Кам Маркет.