Македонија Министерство за правда

Промовиран првиот водич за обезбедување на бесплатна правна помош во постапките за азил во нашата држава

Ефективниот пристап до правда е основа на правниот систем за секого, а за Министерство за правда е од клучна важност за зајакнување на правото и правичноста во нашето општество.

Промовиран првиот водич за обезбедување на бесплатна правна помош во постапките за азил во нашата држава

Министерот за правда Игор Филков присуствуваше на промоцијата на водичот за обезбедување на бесплатна правна помош во постапките за азил во нашата држава.

„Горд сум што после подолг период обезбедуваме важна алатка во обезбедувањето пристап до правна помош со што ќе им се помогне на барателите за азил да добијат бесплатна правна помош.

Водичот е резултат на соработката помеѓу Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи, Високиот комесар за бегалци во Македонија (УНХЦР), Македонското здружение на млади правници и Адвокатската комора на Република Македонија.

Сметам дека е исклучително важно што за прв пат кај нас во водич се опфатени правата и процедурите во објаснети чекори за обезбедување на бесплатна правна помош за барателите на азил без ограничена слобода на движење во редовна постапка, во итна постапка и за барателите на азил со ограничена слобода на движење“, рече во своето обраќање министерот за правда, Игор Филков.

Во следниот период, Министерството за правда ќе работи на поедноставување на процедурите за добивањето на бесплатна правна помош, на продлабочување на соработката со невладините организации кои работат во оваа област и обезбедување на систем за онлајн апликации, кој ќе биде достапен за сите.

Ефективниот пристап до правда е основа на правниот систем за секого, а за Министерство за правда е од клучна важност за зајакнување на правото и правичноста во нашето општество.

Најнови вести од Македонија

To top