Познати

ВИДЕО: Повеќе не е „крал без круна“, Миле Кузмановски крунисан во „Ништо лично“

ВИДЕО: Повеќе не е „крал без круна“, Миле Кузмановски крунисан во „Ништо лично“

Ако соседите ги имаат Тома, Тозовац, Шабан, Џеј… Македонија го има Миле Кузмановски. Некрунисаниот фолк „крал без круна“ чиј глас одекнува и ѕвони како златна струна која ја растреперува душата со секој отпеан стих, рефрен, секоја негова песна.

И оние во кои срцето ја слави љубовта, и оние во кои истото тоа срце скршено на парчиња по изгубената љубов тагува. Зашто се што отпеал – позлатил, се што сме слушнале од него станува или хит или евергрин и музичка фолк антологија.

За сите животни премрежја, професионални и приватни растежи и падови, за сите свои мали и големи работи, за сите песни и она што тие му го донеле, за сите вистини и празни прикаски, но и затоа како беше јавно крунисан за повеќе да не биде фолк „крал без круна“…

За македонската естрада и конкуренцијата во „естрадната бара полна со домашни и увезени крокодили“, за потеклото, родителите, скопскиот земјотрес и чудото кое и по седум дена под урнатините татко му останал жив, за ЈНА, воениот оркестар, војната во Југославија и другарите од војска, за срамот од комплименти, покојниот Мирко Митревски кој ќе му го отвори патот кон естрадниот трон, за „семејната хармонија“ и живот во „женска кватрофонија“, за музичките проекти, авторството и песната за сите времиња „Не кани ме“, за медиумите и грижата на државата за естрадата, за Драчево и МРТ…

За сите нешта што неговиот приватен и професионален живот го прават да биде тоа што е, зборуваше единствениот Миле Кузманоски… во „Интер ток – шоуто“ „Ништо лично“ со Антонио Димитриевски, кое оди секоја среда во 20 часот на YouTube каналот КурирМК.

To top