Италијанскиот Формула 1 тим Ферари својот нов болид за сезоната 2025 ќе го претстави пред медиумите и навивачите на 19 февруари.
Ферари допрва треба да одреди датум за дебито на Луис Хамилтон во новата сезона.
Хамилтон, кој на 7 јануари ќе наполни 40 години, ќе го замени Карлос Саинц во Ферари. Неговиот прв ангажман во тимскиот болид се очекува да се случи на тренинг патеката во Фиорано.
Првите официјални тестови во Формула 1 се закажани за 26-28 февруари.