Американскиот Конгрес има два дена да избегне „затворање“ на владините агенции, откако новоизбраниот претседател Доналд Трамп доцна синоќа го отфрли двопартискиот договор и побара од пратениците да го зголемат плафонот на долгот пред да започне неговиот нов мандат во јануари.
Трамп изврши притисок врз своите републикански колеги во Конгресот да го отфрлат текстот договорен со демократите, што требаше да обезбеди владино финансирање по истекот на рокот на полноќ в петок.
Без договор во Конгресот, делумното исклучување на федералните агенции ќе започне в сабота, што ќе влијае на се – од воздушниот сообраќај до спроведувањето на законот во деновите пред Божиќ. Текстот за кој се договорија републиканците и демократите ќе го продолжеше финансирањето до 14 март.
Трамп предупреди дека републиканците во Конгресот кои го поддржуваат законодавниот пакет ќе имаат тешко време да бидат реизбрани бидејќи ќе се соочат со проблеми на партиско ниво.
Ако започне затворање на владата, тоа ќе биде првпат од почетокот на блокадата во декември 2018 година и продолжи во почетокот на 2019 година, за време на првиот мандат на Трамп во Белата куќа.