На Собранието на македонската кошаркарска федерација во средата клубовите побараа да се смени актуелниот претседател Перо Антиќ.
Беше покажано од клубовите дека опозицијата во овој момент има мнозинство и не беа прифатени предложените комисии од страна на актуелното раководство.
Еден од членовите побара разрешување на првиот човек на македонската кошарка Антиќ, заедно со Управниот и Надзорниот одбор. Но, од Федерацијата беше истакнато дека таквото барање е спротивно на Статутот.
Правиот тим на федерацијата кажа дека има одредени предлози, но дека тие се спротивни од деловникот.
Не е спорно дека може да се предложи промена на Дневниот ред, но денеска тој да се гласа е спротивно на членот 18. Материјалот се доставува најмалку 15 дена пред одржување на седницата, велат од федерацијата.