Јануарскиот трансфер период е моментот кога Галатасарај сака да ја засили последната линија, а турските медиуми пренесуваат дека шампионот на таа држава е заинтересиран за Милан Шкрињар.
Словакот е на излезните врати од Пари Сен Жермен, кој нема ништо против да го испрати на позајмица, а Галата тука ја гледа својата голема шанса.
Шкрињар пред ПСЖ настапуваше за Интер, кој го напушти по истекот на договорот, а во последните месеци се шпекулираше дека е блиску до Јувентус.