Македонија

ВРЕДИ: ДУИ се разобличени и изложени пред очите на албанскиот народ

ВРЕДИ: ДУИ се разобличени и изложени пред очите на албанскиот народ

Веќе разбиениот европски фронт на чело со нон грата партијата ДУИ, исполнет со луѓе од црни листи, немаaт кредибилитет да зборува за прашања кои ги засегаат Албанците. Тие се разобличени и изложени пред очите на Албанскиот народ! Сенката на Али Ахмети, Артан Груби – оваа лоша копија на Груевски, кој зборуваше со полна уста за ОНА, на првиот судир со правдата побегна, велат од ВРЕДИ.

-Дојди и соочи се, Артан! Албанците не се научени да бегаат. Албанците, кога се во право, се соочуваат со крената глава и не се плашат. Не ги посрамотувај Албанците, не ги користи како штит за твоите криминални дела!

Коалицијата ВЛЕН одамна предупредува дека нон грата партијата ДУИ е партија заробена од криминални структури, предводени од Артан Груби. ДУИ не може да се повикува на заштита на знамето, јазикот и Албанците – бидејќи сега е партија без кредибилитет и без сила да ги заштити Албанците. Не можеш секој ден да зборуваш за заштита на правата на Албанците, а во моментот кога ќе бидеш повикан да понесуваш одговорност – да побегнеш.

Артан Груби, Прпарим Бајрами и нивната клика се вистинското лице на криминалот и корупцијата. Правната држава се консолидира и никој нема да избега од правдата. Ќе се открие целосната вистина за злоупотребите во Државната лотарија. Тие што украле и го прекршиле законот ќе одговараат.

Коалицијата ВЛЕН е цврсто решена да донесе транспарентност, одговорност и да ги заштити интересите на граѓаните. Ние нема да застанеме пред политиките на манипулација и страв, бидејќи иднината на Албанците не смее да остане заложник на криминалот и корупцијата.

ВЛЕН стои цврсто за посветла иднина за сите Албанци. Никој не е над законот!, потенцираат од партијата.

Најнови вести од Македонија

To top