Македонија

Сиљановска-Давкова ќе го додели признанието „Македонски квалитет“

Доделувањето на наградите ќе биде во вила „Водно“.

Сиљановска-Давкова ќе го додели признанието „Македонски квалитет“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска напладне ќе го додели признанието „Македонски квалитет“ за 2024 година.

На традиционалната манифестација, што се одржува во организација на Сојузот на стопански комори на Македонија, под покровителство на претседателката Сиљановска Давкова, ќе бидат доделени признанија на 10 македонски компании кои дале значаен придонес во развојот на националната економија и нејзина промоција на меѓународно ниво.

Доделувањето на наградите ќе биде во вила „Водно“.

Најнови вести од Македонија

To top