Фудбал

Мануел Нојер добива нов договор од Баерн

Мануел Нојер добива нов договор од Баерн

Германскиот голман Мануел Нојер ќе ја продолжи соработката со германскиот великан Баерн Минхен, клуб чиј член е од 2011 година кога пристигна од редовите на Шалке 04.

Нојер во март ќе го прослави 39 роденден, но тоа како и послабата форма не е проблем за управата на „баварците“ која според последните информации се договорила со голманот за нов договор според кој ќе остане на „Алијанц Арена“ до 2026 година, односно недостасува само потпис и официјална потврда преку клупските гласила.

Нојер  во моментот е повреден и скршеница на реброто која ја заработи во Куп дуелот со Баер Леверкузен.

 

To top