Фудбал

Лацио и Интер му оддадоа почит на Синиша Михајловиќ

Лацио и Интер му оддадоа почит на Синиша Михајловиќ

Легендарниот фудбалер на Црвена звезда и некогашен репрезентативец на поранешна Југославија, Синиша Михајловиќ, почина на 16 декември 2022 година по долга и тешка битка со леукемијата. Неговата смрт остави длабока празнина во светот на фудбалот, а споменот за него продолжува да живее меѓу навивачите и клубовите во кои остави неизбришлива трага.

Симболично, токму на годишнината од неговото заминување, на теренот се судрија двата клуба каде Михајловиќ го изгради својот фудбалски имиџ – Лацио и Интер. Натпреварот кој се одигра на „Олимпико“ во Рим доби посебна емоционална тежина, бидејќи сите присутни му оддадоа почит на фудбалскиот великан.

Домаќините од Лацио се потрудија да го овековечат сеќавањето на Михајловиќ со прикажување на неговиот лик на големите видео-екрани на стадионот, додека публиката аплаудираше во знак на благодарност и почит кон човекот кој ги обележа славните години на клубот.

To top