Македонија

Мицкоски задоволен од сработеното годинава, најавува уште подобри резултати во 2025-та

Мицкоски задоволен од сработеното годинава, најавува уште подобри резултати во 2025-та

Премиерот Христијан Мицкоски е задоволен од сработеното оваа година. Како што рече денеска, Владата во 2025-та ќе се труди да постигне уште подобри резултати и да биде уште потранспарентна.

Според Мицкоски, секоја критика и конструктивна препорака е добредојдена.

– Многу работи направивме, лично сум задоволен. Имавме зголемување на пензиите, историски договори со синдикатите за образование, здравствените работници, тутунарите, оризарите, земјоделците воопшто. Конечно се врати надежта кај луѓето, мирот на улиците, нема веќе јунаци на асфалтот кои се претставуваат дека се блиски до некакви политички моќници. Тука е и растот од три отсто кој е меѓу првите пет во Европа, обидот да дојдеме до една милијарда евра странски инвестиции, во тек е исплата на К-15 за вработените во јавната администрација, некои прв пат добиваат и за таа намена во Буџетот се предвидени една милијарда денари и нешто, сега ќе има уште една исплата за земјоделците од 25 милиони со што прв пат влегуваме без долгови во 2025 година,…., рече Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по состанокот со Советот на странски инвеститори.

Премиерот оцени и дека секогаш може подобро. – Ќе се трудиме следната година да бидеме подобри, секоја критика и констриуктивна препорака е добредојдена, само да не е ад-хок напад. Сакаме да бидеме транспарентни колку што е можно повеќе, можеби некогаш не успеваме, ќе ни прости јавоста, но имаме чесна намера и сакаме да направиме нешто што не било како до сега, нешто ново и се надевам дека барем делумно успеваме, потенцира премиереот.

Најнови вести од Македонија

To top