Македонија Влада

Не се очекуваат отпуштања кај македонските фирми за автомобилски делови, но можно е некои да го намалат обемот на работа

Според Мизо, автомобилската индустрија ќе ја преброди кризата иако намалување на профитите е реално да се очекува.

Не се очекуваат отпуштања кај македонските фирми за автомобилски делови, но можно е некои да го намалат обемот на работа

Претседателот на Советот на странски инвеститори, Виктор Мизо не смета дека ќе има отпуштања во македонските фирми кои се занимаваат со производство на автомобилски делови, но можно е, како што оцени денеска, да се намали обемот на работа кај некои од нив поради ситуацијата во Германија и генерално во Европа.

Според Мизо, автомобилската индустрија ќе ја преброди кризата иако намалување на профитите е реално да се очекува.

– На денешниот состанок во Владата не беа сите компании од автомобилската индустрија. Намалување на профитите е реално да се очекува. Тоа што се случува во Германија влијае врз компаниите не само кај нас, туку и на глобално ниво. Следната година Европа ќе мора да ја врати конкурентноста на производителите на автомобили поради притисокот од Кина од аспект на трошоците, повисоката технологија и пониските цени на возилата, но и развојот на возила во Европа ќе треба да биде направен на побрз и подинамичен начин. Ќе има и рационализација на трошоците секаде низ Европа. Тоа е факт, но авотмобилската индустрија е во криза секоја година или година и пол, сме биле во криза и порано, ќе ја пребродиме и оваа, подвлече Мизо.

Во однос на нашите фирми, напомена дека ќе продолжат да работат колку што е потребата на клиентите.

– Тоа зависи од пазарот во Европа, но и од моделот за кој се изработуваат компоненти на различните локации во Македонија, не можам да дадам еден одговор за сите. Може да има на некои места намалување на обемот на работа, не би рекол дека ќе има отпуштања. Понекогаш има природна флуктуација на вработени, можеби веднаш нема да се пополнуваат тие работни места до моментот додека бизнисот се врати на очекуваните нивоа, објасни Мизо. 

Најнови вести од Македонија

To top