На 15.12.2024 во 15.44 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Довлеџик“ во Битола, патничко возило „сузуки“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(54) од Битола, удрило во бетонски столб.
-Од здобиените повреди на местото починал сопатникот М.К.(80) од Битола, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Битола. Додека, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола, информира МВР.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.