Потврдено е дека екс премиер и прв вицепремиер се дел од аферата со криминалот во Лотарија на Македонија. Ова пред малку го потврди и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Во истрагата за сомнежите за криминал во Лотарија на Македонија вклучен е и екс премиерот Димитар Ковачевски, претходно дозна и пренесе Курир од извори во истрагата. Се проверува неговото работење и влијание во случајот.
Полициски екипи утринава вршат претреси на повеќе локации поради сомнеж за сторен организиран криминал во Лотарија. Според информации на Курир, претрес е извршен и во домот на поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, но како што е познато тој не е пронајден.
Извори за Курир брифираат дека се трага и по екс директорот на Лотарија, Прпарим Бајрами за кој постои сомнеж дека пред неколку месеци избегал во Косово.
При извршените претреси, неофицијално пронајдена е поголема сума на пари.
Артан Груби, од пред само два дена „поранешен“ висок функционер на ДУИ се наоѓа на Косово.