Украинските власти денеска соопштија дека нивните војници убиле или раниле најмалку 30 севернокорејски војници кои Русија ги распоредила во нејзиниот западен регион Курск.
„На 14 и 15 декември, армиски единици на Демократска Народна Република Кореја (ДНРК) претрпеа значителни загуби во близина на селата Плехово, Ворожба, Мартиновка во регионот Курск во Русија – најмалку 30 војници беа убиени и ранети“, соопшти военото разузнавање. (МИА)