Македонија новогодишна кошничка,

Мицкоски: Почнува кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе – Се грижиме“, ќе се намалат цените на над 800 производи

Од денеска почнува кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе – Се грижиме“ со која се намалуваат цените на над 800 прехранбени производи во пресрет на новогодишните празници, објави на социјалната мрежа на Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски.

Во новогодишната потрошувачка кошничка листа спаѓаат цела низа на производи како леб и житарици, пекарски производи, месо и преработки од месо, риба, млеко и млечни производи, кондиторски производи, свежо, замрзнато и конзервирано овошје и зеленчук, безалкохолни (газирани и негазирани) напитоци и друго.

Кампањата ќе трае до 15 јануари 2025 година.
Вклучени се над 80 компании, а новогодишната потрошувачка кошничка би се проширила со над 1000 производи. Вака директно помагаме за стандардот на граѓаните и заштита од ценовни шокови.

100% #ПосветениЗаТебе, пишува Мицкоски во својата објава.

Најнови вести од Македонија

To top