Регион

Курти од Загреб ги поддржа протестите на српските студенти

Косовскиот премиер Албин Курти, кој престојува во официјална посета на Хрватска, денеска ги поддржа студентските протести и блокадите на факултетите во Србија, јавија српските медиуми.

По средбата со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Загреб Курти оцени дека Србија е недемократска земја и дека во неа не се почитуваат човековите права и правата на малцинствата.

Според него, во Србија нема владеење на правото и затоа оваа земја е само формална република.

-Од историско искуство знаеме како завршува ова, но се чини дека Белград ништо не научи од своето минато, рече Курти.

To top