Македонија Полиција во Судски совет

Ексклузивно: Полиција влезе во Судски совет по налог на ОЈО (ОБНОВЕНА)

Полициски службеници по Наредба на ОЈО Скопје во моментот постапуваат во Судски совет, односно се обезбедуваат два записници за да се проверат евентуални елементи на кривично дело.

Ексклузивно: Полиција влезе во Судски совет по налог на ОЈО (ОБНОВЕНА)

Курир ексклузивно и официјално дознава дека полициски службеници по Наредба на ОЈО Скопје постапуваат во просториите на Судски совет, односно се обезбедуваат два записници за да се проверат евентуални елементи на кривично дело.

И официјално од ОЈО за Курир велат дека делото не е поврзано со Артан Груби и црните листи, туку  се однесува на известување од МВР за кое е побарана наредба за обезбедување записници од седница на Судски совет во врска со мандатот на екс претседателката на судот Весна Дамева..

Повеќе информации од МВР и ОЈО се најавени во текот на денот.

To top