Македонските сноуборд репрезентативци, Александар Кацарски (XMKD) и Миа Џагора (XMKD), ќе ја претставуваат Македонија на ФИС Светскиот Сноуборд куп во Кортина, Италија.
Македонската сноуборд репрезентација во состав од Александар Кацарски, Миа Џагора, Ева Башовска веќе отпатува во Италија, каде ги започна десет дневните припреми и подготовки во светскиот познат скијачки центар-Cortina d’Ampezzo, каде што овој викенд ќе се одржи престижната трка од Светскиот Куп.
Трката ќе се вози на официјалната стаза која што ќе биде стаза на Олимписките игри Milano Cortina 2026. Овие подготовки се клучни за нивниот успех и за нивното понатамошно надградување и напредок.
Настапот на македонските репрезентативци ќе биде важен чекор кон создавање на повисоки амбиции и уште поголеми успеси. Директниот пренос од Светскиот куп ќе се емитува на спортскиот канал Еуро Спорт овој викенд.