Скопје Oпштина Илинден

Инвестиции во ООУ „Ристо Крле“ во Кадино

Инвестициите во образованието се од огромно значење за иднината на една општина, па затоа реконструкцијата и модернизацијата на општинските училишта е еден од приоритетите во работењето, истакна Георгиевски.

Инвестиции во ООУ „Ристо Крле“ во Кадино

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, го посети ООУ „Ристо Крле“ во Кадино, пришто заедно со директорот на училиштето Јовче Петковски направија увид во активностите кои се спроведени во изминатиот период во нова училиште.

Како што истакна градоначалникот Георгиевски, локалната самоуправа континуирано работи на обезбедување услови за образованието и успешно реализирање и подобрување на воспитно образовниот процес во сите училишта на нејзина територија. Инвестициите во образованието се од огромно значење за иднината на една општина, па затоа реконструкцијата и модернизацијата на општинските училишта е еден од приоритетите во работењето.

Директорот на училиштето истакна дека во насока на подобрување на условите во општинското училиште „Ристо Крле“ се реализраат повеќе активности. Во тек е изградба на нови тоалети за учениците од прво одделение и адаптација на просторија за кујна со цел воведување на продолжен престој, се врши партерно уредување на училишниот двор во подрачното училиште во Мралино на површина од 780м2, двор и паркинг за вработените. Исто така обезбедена е опрема со три фотокопири за централното и подрачните училишта. Подобрување на наставниот процес со нови нагледни средства за наставата од прво до петто одделение во подрачното училиште во Бунарџик. Обезбеден е нов училушен мебел во централното училиште со училишни клупи, столчиња, како и клупи за ходниците и пулт за информации, како и училишни паноа во кабинетите.

ООУ „Ристо Крле“ е изградено пред 45 години, а заедно со подрачните објекти во населените места Мралино и Бунарџик учат вкупно 320 ученици, така што локалната самоуправа и понатаму ќе работи за подобрување на условите за работа и воспитно образовниот процес.

Најнови вести од Скопје

To top