Свет Пентагон

Остин го повика Израел на блиски консултации за Сирија

По офанзива што започна на 27 ноември, сириските бунтовници предводени од Абу Мохамад ал-Џаулани ставија крај на повеќе од 50-годишното владеење на семејството Асад, а сирискиот претседател Башар ал Асад побегна од земјата.

Остин го повика Израел на блиски консултации за Сирија

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин во телефонски разговор со израелскиот колега Израел Кац изјави дека е важно САД и Израел да бидат во тесна консултација за настаните во Сирија, соопшти Пентагон.

Во соопштението се нагласува дека Вашингтон ги следи случувањата во Сирија и поддржува мирна и инклузивна политичка транзиција.

Тој додаде дека САД ќе ја продолжат мисијата да ги спречат милитантите на ИД повторно да најдат засолниште во Сирија.

По офанзива што започна на 27 ноември, сириските бунтовници предводени од Абу Мохамад ал-Џаулани ставија крај на повеќе од 50-годишното владеење на семејството Асад, а сирискиот претседател Башар ал Асад побегна од земјата.

По падот на режимот на Асад, израелската војска објави дека нејзините авиони извршиле стотици напади во Сирија и уништиле поголем дел од залихите на стратешко оружје на Сирија. (МИА)

To top