Македонија МВР

Државниот секретар во МВР учествуваше на експертска дебата организирана од ОБСЕ

Ова не се изолирани инциденти – тоа е системски проблем, длабоко вкоренет во нееднаквоста и патријархалните вредности. Од друга страна, семејното насилство, кое може да биде физичко, психолошко, економско или сексуално, остава трајни последици врз жртвите, нивните семејства и општеството во целина, рекол Петрушевски.

Државниот секретар во МВР учествуваше на експертска дебата организирана од ОБСЕ

Државниот секретар во Министерството за внатрешни работи Сашо Петрушевски денеска во Скопје присуствувал на експертска дебата посветена на Нацрт-методологијата за воспоставување на платформа за следење на фемицид во Македонија.

Дебатата, во организација на Организацијата за безбедност и соработка во Европа – Мисија во Скопје (ОБСЕ), како што соопштија од МВР, е продолжение на активностите за подигнување на свеста на заедницата за насилството над жените и девојчињата и семејното насилство.

Петрушевски истакнал дека фемицидот или убиството на жени само поради нивниот пол, претставува екстремен облик на родово базирано насилство.

– Ова не се изолирани инциденти – тоа е системски проблем, длабоко вкоренет во нееднаквоста и патријархалните вредности. Од друга страна, семејното насилство, кое може да биде физичко, психолошко, економско или сексуално, остава трајни последици врз жртвите, нивните семејства и општеството во целина, рекол Петрушевски.

Тој повикал да не се молчи, затоа што, како што рекол, молчењето е соучесник.

– Секое молчење, секој случај, секоја несоодветна реакција го одржува овој циклус на насилство. Мора да разбереме дека ниту една жена, ниту едно дете, ниту еден човек не заслужува да биде жртва на насилство. Овие дела не се лична трагедија – тие се општествена рана што бара лекување, нагласил државниот секретар во МВР.

Петрушевски упатил повик за акција, при што ги нотирал активностите што треба да се преземат од целокупното општество, особено од невладиниот сектор, затоа што, подвлекол, фемицидот и семејното насилство не се само бројки и статистики – тие се човечки животи.

На дебатата била презентирана и Нацрт методологијата за платформа за следење на фемицидот.

Најнови вести од Македонија

To top