Македонија акција „Адитив“

Трае распитот на Васко Стефанов во Кривичниот суд

Тој денеска беше спроведен во Кривичниот суд откако вчера беше приведен на граничниот премин Табановце.

Трае распитот на Васко Стефанов во Кривичниот суд

Во Кривичниот суд се уште трае распитот на поранешниот директор на АД ЕСМ Васко Стефанов, кој е еден од 23. лица што се осомничени за криминал тежок 6,5 милиони евра во вчерашната акцијата „Адитив“ на Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство за гонење на организираниот криминал и корупцијата (ОЈО ГОКК).

Тој денеска беше спроведен во Кривичниот суд откако вчера беше приведен на граничниот премин Табановце.

Од МВР вчера информираа дека е спроведена координирана полициска акција под директно раководство на двајца јавни обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, при што се извршени претреси на повеќе локации на подрачјето на Битола, Неготино, Кичево, Велес и Скопје. Се трага и по поранешниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски.

– За време на акцијата обезбедени се голем број материјални докази (документација), а кај три лица пронајдени и одземени се околу 130.000 евра. Од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал-СКИ -Единица за корупција во соработка со Управата за финансиско разузнавање до ОЈО за ГОКК поднесена е кривична пријава против 23 физички лица и два правни субјекти и тоа: В.К. (55), В.С. (57), А.М. (44), П.М. (46), Н.С. (48), М.С. (45), Д.С. (43), М.Ј. (35), П.Ч. (46), Д.С. (59), З.Н. (58), С.М. (63), М.В. (58), В.М. (61), З.А. (38), Д.Ч. (47), Д.С. (48), С.К. (53), С.М. (54), Н.Н. (35), П.С. (69), М.С. (54), Р.С. (42), потоа правно лице од Неготино, како и правно лице од Скопје. Од нив, 21 лица се лишени од слобода, а за две се преземаат мерки за пронаоѓање, соопшти МВР.

Пријавениот В.С. во својство на генерален директор на АД ЕСМ, Н.С.- поранешен директор во АД за производство на електрична енергија ТЕЦ Неготино, Д.С.- поранешен директор на комерцијални работи во АД ЕСМ и поранешен директор на АД „Пошта на Северна Македонија“ и П.М.- поранешен вд директор и директор на Подружница РЕК Битола во АД ЕСМ во текот на 2023 и 2024 година во Неготино, Битола, и Скопје организирале група која имала за цел вршење на кривични дела „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно – приватно партнерство“ од чл.275-в од КЗ, „злоупотреба на службена положба и овластување“ од чл.353 од КЗ и „перење пари и други приноси од казниво дело“ од чл.273 од КЗ

Најнови вести од Македонија

To top