Поранешниот сириски претседател Башар ал Асад, неговата сопруга Асма, Британка и нивните три возрасни деца ќе започнат нов живот во Русија откако Владимир Путин им даде азил, пишува Дејли мејл.
Асма Ал Асад, родена во Лондон, се навикна на луксузен живот и потроши стотици илјади долари на мебел и облека за време на владеењето на нејзиниот сопруг Башар ал Асад. Американскиот Стејт департмент проценува дека семејството има две милијарди долари, а нивното богатство се крие на бројни сметки, фиктивни компании, даночни раеви и недвижен имот.
Семејството има и голем имот во Москва, па сигурно ќе продолжат да живеат луксузно во егзил. Во последните години тие купиле најмалку 20 станови во Москва во вредност од над 30 милиони евра. Апартманите се наоѓаат во комплексот Москва Сити Капитал полн со луксузни стаклени облакодери.