Најголемо внимание претстојниот викенд во ракометната машка Супер Лига ќе привлече големото ракометно дерби на македонскиот ракомет меѓу шампионот Еурофарм Пелистер и Вардар.
Битолчани го закажаа натпреварот за в сабота на 14 декември од 18:00 часот, а салата „Боро Чурлевски“ сигурно ќе биде претесна да ги собере сите љубители на ракометот.
На табелата лидер е РК Алкалоид, втор е Вардар со 26 бода, додека шампионот Еурофарм Пелистер има 24 бода на третото место.