Свет САД

Бајден ќе одржи состанок за ситуацијата во Сирија

„Претседателот (Бајден) ќе се сретне со членовите на неговиот тим за национална безбедност за да биде информиран за случувањата во Сирија“, рече Савет.

Бајден ќе одржи состанок за ситуацијата во Сирија

Американскиот претседател Џозеф Бајден ќе ги собере своите советници за да разговара за ситуацијата во Сирија, соопшти портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Шон Савет, по молскавичната офанзива на бунтовничките групи која предизвика паѓање на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад.

„Претседателот (Бајден) ќе се сретне со членовите на неговиот тим за национална безбедност за да биде информиран за случувањата во Сирија“, рече Савет.

Советникот за национална безбедност на Бајден, Џејк Саливан вчера изјави дека приоритетите на САД за Сирија по заминувањето на Башар ал Асад од власта се да се спречи какво било повторно оживување на групата Исламска држава и да се спречи „хуманитарна катастрофа“.

За време на претходните фази на граѓанската војна во Сирија, „во нејзините најлоши моменти гледавме како Исламската држава излегува на сцена“, рече Саливан.

„Ние самите ќе преземеме директна акција и ќе работиме со Сириските демократски сили, Курдите, за да се осигураме дека тоа нема да се случи. Вашингтон, исто така, сака да спречи каква било хуманитарна катастрофа, како во однос на пристапот до основните потреби на цивилите, така и во однос на заштита на верските и етничките малцинства во Сирија“, додаде Саливан.

To top