Хроника Мвр

Фатен бегалец од затвор во Струмица

Фатен бегалец од затвор во Струмица

Вчера во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ш.М.(36) од Струмица.

Како што соопшти денеска МВР, тој бил осуден на казна затвор од десет години за сторени кривични дела „тешка кражба“, а бил баран по потерница врз основа на наредба на Казнено поправна установа – Затвор Штип за доиздржување на шест години, седум месеци и 19 дена од казната.

Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната, соопшти МВР.

To top